Производството на првиот во светот водороден автомобил ќе биде зголемено за да го пречека подготвено силовитиот кориснички интерес, објавија од Toyota. Моделот Mirai беше воведен на пазарот во Јапонија во декември 2014 година, а наскоро ќе се појави во САД и Европа.
Само за еден месец во јапонската компанија добиле над 1.500 нарачки за моделот, а планот предвидувал оваа година да бидат произведени само 700 примероци. Токму затоа во Toyota презеле мерки за зголемување на производството, па веќе во 2016 година ќе бидат склопени 2.000, а во 2017 – 3.000 единици. Првичните проценка на компанијата предвидуваа во првата година да бидат продадени само 400 примероци од водороден модел на јапонскиот пазар.
Интересот секако се зголеми откако неколку компании навестуваат подобрување на инфраструктурата. Во моментот релативно голем број станици за полнење со водород има само во Јапонија, во некои европски земји, како и во некои делови на Северна Америка. Затоа Toyota ќе направи нов продажбен план за Mirai кој ќе биде усогласен токму со расположливата инфраструктура на одделни пазари.
Презентираниот кон крајот на минатата година Toyota Mirai се произведува во фабриката на компанијата во Аити, во Јапонија. Автомобилот е управуван од електромотор, а енергијата за кој се добива како резултат на хемиска реакција меѓу кислород и водород. Моќноста на моторот е 155 КЅ, а со целосно наполнет резервоар со водород моделот може да измине 485 километри. Самото полнење трае помеѓу 3 и 5 минути.