Брз рецепт: Бакнежи од кокос

Доколку мислевте дека не постои ништо послатко од бакнежите на вашите најмили, тогаш сигурно не сте ги пробале бакнежите од кокос. Подготовката е лесна и брза, а состојките се едноставни.

Состојки:

– 4 јајца
– 100 г. шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 200 г. брашно

Подготовка:

1. Измешајте ги пенесто жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го кокосовото брашно и на крајот лесно измешајте го и шлагот добиен од белките.

2. Со чајна лажица обикувајте мали спескани топчиња и оставете ги на плех обожен со хартија за готвење.

3. Печете во рерна загреана на 150° околу 20 минути.

Совет:

1. Можете да додадете неколку капки лимонов сок во шлагот за покиселкаст вкус.

2. Бакнежите од кокос послужете ги заедно со некој топол пијалок.

- Реклама -