Суперхрана е епитет со кој обично се опишуваат оброците кои имаат висока концентрација на витамини и минерали. Ви прикажуваме рецепт за пијалок кој е вистински рудник за енергија, а во себе содржи многу овошје и зеленчук. Во добриот вкус ќе се уверите и самите.
Потребни состојки:
– 2 јаболки златен делишес
– 3 цм корен од брокула
– 1 рака спанаќ
– 1/4 свежа краставица
– 1/4 непрскан лимон
– 1 цм свеж корен од ѓумбир
– коцки мраз
Подготовка:
1. Откако сите состојки добро ќе ги измиете, ставете ги во соковник најпрво јаболкото (излупено), а потоа и спанаќот, лимонот, ѓумбирот, брокулата, краставицата, целерот и на крајот и другото јаболко.
2. Исцедете добро се, а сокот кој ќе го добиете ставете го во чаша со коцки мраз, или пак сокот и мразот дополнително измешајте ги во блендер.
Совет:
Пијте го овој пијалок кога ќе чувствувате недостаток на енергија, кога се чувствувате меланхолично, или едноставно кога ќе сакате да се расоните.