Град во кој што насекаде има лешеви и народот живее во страв

„Доколку живеете тука, мртвите тела на улиците ќе ви станат навика. Ако не сте дома, а слушате пукотници, би можеле да бидете убиени“, раскажува еден работник на бензиска пумпа.

Мексичкиот град Хуарез, кој три години по ред ја носи титулата најнасилен град на светот, е полн со криминални картели, каде се водат бизниси за продажба на дрога и оружје. Ладнокрвно го убиваат секој оној, кој им се меша во работата.

Денес оваа долина во Северна Америка е многу опасна.

„Навикнете се на мртви тела низ улиците. Доколку не сте дома, а слушнете пукање, би можеле да бидете убиени“, вели Алехандро Монтес, работник на една бензиска пумпа.

Последните полицајци беа погубени во 2009 година, а градот после тој настан не доби нови.

„Нарко-босовите го заменија авторитетот на полицијата и доколку сакате да преживеете, морате да живеете по нивни правила“, додава Алесандро.

Во долината некогаш живееле 60.000 луѓе, а денес таа е дом за едвај 5.000 жители. Останатите или побегнале, или се погубени.

Се верува дека градот е под контрола на картелот Синалоа, нарко-бос познат под името Замбада. Надзорот над улиците го превзела неговата група, па се почесто се случуваат киднапирања, мачења и обезглавувања.

- Реклама -