Тајната на зелените дрвореди, за посреќен живот

Три совети од едно дрво за среќен живот: Бидете исправени и горди, пијте многу вода и уживајте во глетката…

Близината на некои зелени површини, безразлика дали станува збор за шума, градина, дрворед или парк, претставува значаен извор на среќа, бидејќи го заблажува стресот од градскиот живот. Кога не мачат црни мисли, зелените крошни на дрвјата ни пружаат утеха и олеснување, тврдат научниците.

Студија од Лондон покажува дека жителите на градот кои живеат во улица со дрворед конзумираат многу помалку антидепресиви во споредба со оние кои се опкружени со студен бетон, пишува Танјуг.

„Веќе е докажано дека присуството на зелени површини позитивно влијае на нашето расположение. Со самото тоа логично е да имаат ефект и на употребата на антидепресиви“, вели доктор Филип Роде. Близината на некои зелени површини, безразлика дали станува збор за шума, градина, дрворед или парк, претставува значаен извор на среќа, бидејќи го заблажува стресот од градскиот живот.

Освен тоа, улиците со густо зеленило се пријатни за живот, поттикнуваат занимавање со физичка активност и го зајакнуваат чувството на заедништво, што пак влијае позитивно на нашето здравје.

- Реклама -