Полски „мајстор“ создаде ултимативен компактен компјутер- доволно мал да се собере во секојдневното глувче, соопштува MyBroadband.
Przemys?aw Strzelczyk, софтверски инженер во Nokia Netwworks, го нарекува својот изум „The Mouse-Box.”
Глувчето „The Mouse-Box” содржи 1.4GHz АРМ процесор, 128 GB флеш меморија, Wi-Fi конекција, и на микро HDMI порт за поврзување на монитор. Тоа, исто така доаѓа со два USB 3.0 порти, жироскоп и акцелерометар.
Не се знае кој оперативен систем ќе може да работи на Mouse-Box, но со вграден Wi-Fi и 128 GB диск, треба да биде во можност да се справи со многу програми и податоци, особено ако се потпираат на интернет за да завршат работа.
Strzelczyk и неговиот тим на Mouse-Box велат дека продуктот е се уште во „прототип фаза“, но работат и на изградба на безжичен пад за глушец- полнач.
Погледнете го целото видео од Mouse-Box подолу.