Најубавите и поразителни илузии во сликите на канадскиот уметник Роберт Гонсалвес успеваат да ја искриват гледната точка на забавен начин.
Во повеќето од сликите границите меѓу мноштвото приказни, не се јасни. Ова го тера гледачот да прескокнува од една на друга – слично на оптичките илузии кои се менуваат секој пат кога ќе ја погледнете сликата.
Интересот на Гонсалвес кон уметноста се раѓа уште од неговите рани години. На 12 веќе има искуство во техниката и перспективата, како и во архитектонската уметност. Кога се среќава со уметноста на Салвадор Дали и Рене Магрит, двајцата очигледно оставаат траен белег врз него и неговите слики.