Откако нејзиниот сопруг починал, 86-годишната вдовица одлучила да ја продаде куќата со пет спални и вкупна површина од 40 хектари во Флорида и да заживее постојано на луксузен брод. Ли Вочстетлер, или Мама Ли, како што ја вика екипажот на бродот, е на одборот на Crystal Serenity речиси седум години. Таа проценува дека животот на Serenity ќе ја чини 164 000 долари оваа година. Ова ги вклучува трошоците за нејзината самостојна кабина, храната, бакшишот, забавата во стилот на Бродвеј и други секојдневни активности. Мама Ли била на 89 крстарења во текот на 50-годишниот брак со нејзиниот сопруг, а потоа има уште околу 100, како и 15 светски крстарење. Откако посетила стотина држава, таа престанала да ги брои.
„Да речеме дека сум била во речиси секоја земја која има пристаниште”, вели таа.
Нејзиниот сопруг, кој бил банкар и проценител на недвижности, ја зародил кај неа оваа желба. Во денешно време таа речиси не слегува на копно, бидејќи била неколку пати на секое место.
„Кога сите слегуваат на брегот, тука станува толку тивко и речиси целиот брод останува само за мене.Истанбул е исклучок сепак. Не можам да издржам да не ја видам чаршијата”, раскажува таа. Она што и недостасува најмногу, е нејзиното семејство, но таа успева да ја одржува врска со тројцата синови и седум внуци преку нејзиниот лаптоп.
„Се слушам со некој од нив секој ден и секогаш ги посетувам кога ќе застанеме во Мајами. Минатата година бевме во Мајами пет пати. Кога моите деца беа мали, многу пати ги водев на патувања. Сега тие имаат свои семејства и го прават она што сметаат дека е добро. На денот пред мојот сопруг да почине од рак во 1997 година, тој ми рече: ‘Не престанувај да патуваш.’ И така денес живеам живот без стрес, како во бајка. ”
Една од работите кои што ја привлекле на Crystal Serenity е игривата програма.
„Танцувам по неколку часа секоја вечер, го правам тоа со години,” споделува Мама Ли. Пред Serenity таа живеела во текот на три години на брод на компанијата Holland America. Кога сепак од бродот решиле да ја укинат нејзината игрива програма, одлучила да го напушти.
Што се однесува до вечерата, таа вели:
„Навистина сакам да јадам и често седам на маса за осум лица. Така се запознавам со интересни патници и во текот на годините се спријателив со многу луѓе.” Мама Ли се здебелила 11 килограми откако се преселила на бродот и признава дека е на овошна и зеленчукова диета, со тоа што се обидува да ослабне.
„Со радост можам да кажам дека ми останува да симнам само уште 4 кг”.
Во поголем дел од времето Мама Ли може да биде видена во еден од салоните на бродот, како везе.
„Тоа е мојата втора љубов. Везам од 50 години. Се што правам, го подарувам на членовите на екипажот. Тоа ми дава големо задоволство”.
Во моментов Мама Ли која работела како медицинска сестра, го очекува својот 87-ти роденден и својата седма година на одборот на Serenity.