Кинеските власти казнија жена што 40 години се грижи за напуштени хендикепирани деца

Добрината не секогаш е наградена.

Конг Женјан, од селото Џиу Џиу во северна Кина, цели 40 години се грижи за напуштени ментално и физички хендикепирани деца. „Го најдов првото дете крај патот. Само лежеше таму оставена, па се сожалив и едноставно морав да направам нешто“, вели Конг. Па така, го земала девојчето под нејзина закрила, и оттогаш не престанува да се грижи за децата за кои никој друг не се нафатил.

Chinese-heroine[1]

„До сега израснав 39 деца. Секое од нив се смета за хендикепирано, било физички или ментално. Но всушност, многу од нив единствено страдале од негрижа. Потребни се многу пари, ама се снаоѓаме“.

Благодарение на Конг, неколку деца стигнале и до универзитет и нашле добри работи. „Најстарото сега има 27 и живее самостојно“, вели грижливата мајка. „Најмладото е само еден месец старо. Шест од нив отидоа да студираат на универзитет, а други две се примени во професионално техничко школо“.

U1043P511T9D224F93DT20070429095043[1]

И покрај тоа што веројатно ви се насолзија очите и очекувате дека една ваква голема жена би требала да биде сметана за херој и во најмала рака, поддржана од властите, реалноста е сосема спротивна. Кинеските официјални лица всушност ја обвинија Конг за прекршување на строгите кинески правила за посвојување, според кои се дозволени максимум три посвојувања по семејство. Таа беше казнета со конфискација на имотот од 8000 квадрати што таа и нејзиниот сопруг го поседувале, и со стопирање на секаква социјална парична издршка од страна на државата.

Chinese-heroine2[1]

А СЕПАК, Конг воопшто не губи надеж. „И покрај тешкотиите, продолжувам“, вели таа. „Работам чудни работи и кога луѓето ќе дознаат што правам, помагаат. Многу луѓе со топли срца донираат пари, облека и храна. Моите постари деца исто така помагаат со донации. Се уште постои добрина во светот, но загрижена сум што ќе се случи со децата кога ќе ме нема“.

U1043P511T9D224F99DT20070429095043[1]

Искрено се надеваме дека ќе се најде ист таков што ќе ја продолжи нејзината безгранична милост. А зошто да не, еве Конг е жив доказ дека се уште постојат такви.

- Реклама -