Фотографии од новиот Seat Toledo пред откривањето во Париз

Новиот Seat Toledo во форма на концепт беше претставен на салонот на автомобили во Женева, а деновиве беа објавени и официјални фотографии на неговата дефинитивна сериска верзија.

Серискиот модел, кој само во детали се разликува од концептот од Женева, како што е познато, а и официјално е потврдено, ќе се произведува во шкодината фабрика во Млада Болеславa. Во својата агрегатска палета ќе има бензински мотори од 1,2 литри со 75 KS, 85 KS и 105 KS, потоа 1.4 TSI со 122 KS (во комбинација и со DSG менувач), како и дизелските 1.6 TDI со 90 KS и 105 KS.

Новиот Toledo е со должина од 4.480 mm (165 mm повеќе од Leon, но и 164 mm помалку од актуелната генерација на VW Jetta), меѓуоскиното растојание е 2.600 mm (51 mm пократко од VW Jetta), а зафатнината на багажникот 517 литри. За повеќе детали, на официјалното деби во Париз.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -