Неверојатна куќа во Австралија која изгледа како да плови

Служејќи се со разните трикови на аголот и перспективата, но и со модерните и елегантни елементи, архитектите од компанијата „Australia F2 Architecture“ креираа луксузен дом кој се наоѓа над брегот во Јужна Австралија.

Целата илузија исчезнува кога ќе се погледне куќата од друг агол освен влезниот, но тоа не ја прави помалку восхитувачка. Имено, таа е изградена на 40 метри висок столб, и за да се стигне го неа треба да поминете низ стаклен мост. Ова можеби би претставувало потешкотија доколку се плашите од висина, но откако еднаш ќе го преминете мостот, ќе посакате да не се вратите назад.

Балконот нуди спектакуларен поглед кон плажата Феирхевен и Големиот океански пат.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи

Живеалиштето може да се изнајми за околу 440 и 1220 австралиски долари, така што ова дефинитивно ја прави вилата достапна само за оние со подлабок џеб.

floating-house-australia-f2-architecture-4 floating-house-australia-f2-architecture-7 floating-house-australia-f2-architecture-8 floating-house-australia-f2-architecture-10 floating-house-australia-f2-architecture-11 floating-house-australia-f2-architecture-13 floating-house-australia-f2-architecture-14 floating-house-australia-f2-architecture-15 floating-house-australia-f2-architecture-17 floating-house-australia-f2-architecture-18 floating-house-australia-f2-architecture-21 floating-house-australia-f2-architecture-22 floating-house-australia-f2-architecture-24

- Реклама -