реВи се случило ли да поминете цел ден во играње Solitaire и потоа да сонувате како играте Solitaire? Се разбира дека ви се случило. Е па, всушност сте имале мала порција од менталната болест од која Германците масовно страдале по завршувањето на Првата светска војна, денес позната како „zero stroke“.
Замислете дека сте приморани да се ангажирате во некоја репетитивна ментална активност. Дури и кога периодот на активна примораност завршува, вие продолжувате да мислите на тоа. Каков ефект би имало тоа на вас? Ако одговоривте „се разбира, негативен“, почнувате да ја сфаќате што всушност преживувале луѓето во Германија веднаш по завршувањето на Првата светска војна. По војната, од економијата останале само „рушевини“, а инфлацијата растела толку брзо што цената на векна леб прво била изразена во илјади марки, па потоа во милиони, па потоа во билиони. Тоа се мнооооооогу нули за пресметување.
Тешко дека постоел ефикасен начин за да се преживее констатно растечката цена на животот, ама народот не престанал да се обидува. Тоа значи дека луѓето морале да собираат, одземаат, множат и делат со милионски цифри, едноставно за да платат за основен оброк. Дури и кога престанувале активно да пресметуваат, тие морале да планираат и да прават проценки за тоа што би можеле да купат и колку би вределе парите што ги имаат, следното и секое наредно, кога инфлацијата ќе биде уште поголема. Звучи како страшна и исцрпувачка ментална активност, зар не? Таква и била.
Ваквата непрестана пракса оставила многу луѓе со развиено ментално пореметување – „zero stroke“. Оние што настрадале од истата сонувале низи од нули, или низи од бројки, обидувајќи се да прават сложени калкулации дури и кога спијат. Инфлацијата до тој степен им се вселила во главата, што тие единствено размислувале во големи броеви, одговарајќи дека имаат X милиони деца, или дека се X билиони години стари. А во суштина, сето било само ментален обид да се излезе од тешка ситуација – преку опсесивна калкулација.