Само 36 прашањa нè делат од љубовта

Пред 20 години американскиот психолог Артур Арон спроведува експеримент, запознавајќи маж и жена , а притоа условот е да одговорат заедно на три серии од по 12 прашања, а потоа тивко да се гледаат во очите 4 минути. Половина година подоцна учесниците во експериментот веќе ги поврзале судбините засекогаш …

Романтичниот експеримент беше оживеан неодамна од колумнистката на “Њујорк тајмс” Менди Лен Катран која решава да ја повтори вежбата на д-р Арон врз себе и свој познаник. Искуството повторно се покажало успешно и двајцата, кои после неговата реализација страсно се заљубиле еден во друг.

Подолу ви ја нудиме и целата листа со прашањата. Тајната на Арон е во тоа што одговорите ги тераат учесниците да се разоткријат и да ги покажат ранливите места што исклучително помага за зближување меѓу луѓето, тврдат психолозите. Впрочем, љубовта всушност не е стихија која се распрснува, туку избор и волја да бидеме вљубени во точно одредено лице.

Прва серија

1. Ако можете да избирате од сите луѓе на светот, кого нема да поканите на гости?

2. Сакате да сте познати? Во која област?

3. Пред да се јавите на телефон, вежбате ли понекогаш што ќе кажете? Зошто?

4. Како замислувате еден идеален ден?

5. Кога последен пат пиевте сами? А со некој друг?

6. Ако можете да живеете 90 години и во текот на последните 60 од нив да изберете меѓу добро тело или разумот на 30-годишни луѓе, што немаше да одберете?

7. Дали тајно претчувствувате како ќе умрете?

8. Именувајте три работи кои се заеднички за вас и вашиот партнер.

9. За што во својот живот најмногу се чувствувате благодарни?

10. Ако можете да промените нешто во начинот на кој сте биле воспитани, што ќе беше тоа?

11. Во следните 4 минути кажете му ја на вашиот партнер својата животна историја со што е можно повеќе детали.

12. Ако можеше да се разбудите утре, и да добиете уште еден квалитет или способност, што би било тоа?

Втора серија

13. Ако замислите кристална топка, која ќе ја покаже вистината за вас, за животот, иднината или што и да било друго, што би сакале да дознаете?

14. Има ли нешто што од одамна мечтаете да го направите? Зошто не сте го направиле досега?

15. Што е најголемото достигнување во вашиот живот?

16. Што цените најмногу во пријателството?

17. Кој е најскапиот спомен?

18. Кој е најужасниот спомен?

19. Ако знаете дека за една година ќе умрете одеднаш, дали би промениле нешто во начинот на живот? Зошто?

20. Што значи пријателството за вас?

21. Каква улога играат љубовта и приврзаноста во твојот живот?

22. Споделете, кои се првите пет работи кои мислите дека се позитивни карактеристики на човекот спроти вас?

23. Колку блиски и топли се односите во семејството? Дали мислите дека вашето детство било посреќно отколку на други луѓе?

24. Што мислите за односите со своите мајки?

Трета серија

25. Кажете и двајцата по три реченици кои почнуваат со „ние”. На пример: “Ние и двајцата тука сметаме дека …”

26. Довршете ја  оваа реченица: “Посакувам да имаше некој со кого ќе споделам дека …”

27. Ако мислите да станете близок пријател со партнерот, споделете нешто важно што тој треба да го знае за вас.

28. Кажете му на партнерот што ви се допаѓа кај него; бидете искрени и споделете работи кои можеби не би ги признале пред човек, со кого штотуку сте се запознале.

29. Споделете со партнерот некој неповолен момент од својот живот.

30. Кога последен пат плачевте пред друг човек? А насамо?

31. Кажете му на партнерот нешто што веќе ви се допаѓа кај него.

32. Има ли нешто што за вас е премногу сериозно и со тоа не треба да се шегува никој?

33. Ако требаше да умрете вечерва, без да имате можност да разговарате со друг, за што најмногу ќе жалите дека не сте го кажале? Зошто не сте го кажале уште?

34. Вашиот дом, во кој е целиот имот, гори. Откако ги спасувате своите најблиски и вашите миленичиња, останува време да извадите од пламените само уште едно нешто.Што ќе биде тоа? Зошто?

35. Смртта на кој член од семејството би ве срушила најмногу? Зошто?

36. Споделете некој личен проблем и советувајте се со партнерот како тој/таа би го решил/а. Потоа прашајте го партнерот како го проценува проблемот кој сте го одбрале.

- Реклама -