Не постои некој кој останал рамнодушен на тажната приказна за босоногото девојче на новогодишната ноќ – девојчето со кибритчиња, од истоимениот расказ на Ханс Кристијан Андерсен. Емотивната приказна претставувала инспирација за режисерот Филип Матевски и филмската продукција „Quasar“, да ја преточат и на големото платно. Главните улоги во новиот македонски краткометражен филм ги толкуваат: Диана Стојковска, Ненад Нацев, Катерина Илиевска и Јана Стојановска. Во продолжение ви го прикажуваме видеото, а на вас оставаме да се восхитувате на одличната филмска адаптација.