Се чини дека Дизни ги движи работите сталожено за претстојната адаптација на „Ghost in the Shell“.
Deadline известува дека, само неколку дена откако DreamWorks ја одбра Скарлет Јохансон за главната улога, сега филмот е закажан да излезе на 14 април 2017 година.
Истата, 2017 година ќе биде голема за блокбастери, со голем дел од Marvel и DC суперхероите присутни во кината во текот на целата година. Обожавателите, исто така, ќе имаат можност да го погледнат следното продолжение на франшизата „Planet of the Apes“, како и „Lego Batman Movie“ и продолжението на Гилермо дел Торо на „Pacific Rim“.