Microsoft го најави Windows 8 Surface

Microsoft им стави крај на серија гласини со официјалното претставување на нивниот прв таблет кој треба да биде ривал iPad. На синоќешното лансирање во Лос Анџелес тие ја претставија 10,6 инчната Microsoft Surface.


На промоцијата биле потврдени две направи Microsoft ќе спои направа дебела 9,3 милиметри со Windows RT и поголемата која ќе работи на Windows 8 и ќе има Intel CPU. „Слично како што на Windows 1 му беше потребно глувче, сакавме и на Windows 8 да му дадеме негов хардвер” рекол претседателот на компанијата Стив Балмер. „Оваа комбинација на хардвер и софтвер работи заедно за да овозможи неверојатно искуство.“

Со големина од 10,6 инчи и издржлив Gorilla Glass 2 дисплеј Microsoft Surface е обид за проширување на можностите на таблет компјутерите со повисоко ниво на корисност и бизнис центрична функција. Windows 8 Surface таблетот е опишан како „Целосен PC“ и е опремен со импресивен 1920 x 1080p Full HD ClearType екран додека металната структура содржи USB 3.0 со нормална големина и опција за 64GB или 128GB меморија.

Microsoft сè уште ги нема објавено плановите за продажба на производот, ниту пак евентуалната цена. Но неколку аналитичари се согласни дека Microsoft ќе си го намали сопствениот трошок за производство на таблетот преку избегнување на сумата за лиценцирање на Windows 8. „Тие можат да понудат добра цена бидејќи не мораат да ја плаќаат лиценцата за Windows 8 со која се соочуваат сите други производители.“ [Windows 8 powered Microsoft Surface tablet release confirmed]

- Реклама -