Сексуална суша им се случува дури и на најдобрите. А кога се работи за долга апстиненција кај жените, сигурно сте слушнале дека кај нив вагината е потесна, за разлика од оние кои имаат редовен секс и се „пошироки“. Ако прашате експерт, ќе ви каже дека ваквите тврдења воопшто „немаат врска“.
Опуштете се. Факт е дека мускулите на вагината се еластични. Тие се растегнуваат и враќаат во својата нормална големина. Редовноста на сексот нема многу удел во „ширината“ на женската вагина.
Сепак, постојат два случаи во животот кои релативно долгорочно го менуваат вагиналниот облик:
– Првиот е породувањето. Некои истражувања велат дека во одредени случаи, перидот на „стеснување“ може да трае и до 6 месеци. Сепак, на крајот, вагината повторно се враќа во првобитниот облик.
– Втората причина е староста. Според Women’s Health, „Кога жените стареат, се намалува и нивото на хормони, што значи дека вагиналните ѕидови стануваат се потенки и се помалку еластични. Сепак, Кегеловите вежби можат значително да го подобрат нивниот тонус, без разлика на возраста“.
Апел до мажите: Следниот пат кога ќе наидете на „тесна“ вагина, имајте во предвид дека тоа не е резултат од долго немање секс. Веројатно се работи за тоа дека вие самите не сте ја возбудиле доволно и дека ви треба малку повеќе предигра.