Приказна за 10 секунди…препознавање на вистинскиот човек

Најважно во комуникацијата е да го слушнеме она што, всушност, не е изречено.

Жан излегол со својот дедо да се прошета по Париз.

На едно место, слушнале како еден еден муштерија му вика на кондураџијата: Тој тврдел дека нешто не е во ред со неговите обувки. Кондураџијата пак мирно ги слушал забелешките, се извинил и ветил дека ќе ја исправи грешката.

Тогаш Жан и неговиот дедо седнале да се напијат кафе.

Келнерот го прашал човекот од соседната маса, дали може малку да ја помести столицата за да може да се помине. Човекот изреагирал бурно и одбил на послуша.

„Никогаш не го заборавај она што си го видел“, му рекол дедото на Жан. „Оној кондураџија ја прифати жалбата, а овој човек покрај нас не сакаше ни да се помести. На луѓето кои извршуваат некои корисни задачи не им пречи да слушнат критика за сметка на својата работа, но луѓето кои што не прават никаква корисна работа секогаш мислат дека се многу важни за општеството и ја кријат својата неспособност зад авторитетот“.

- Реклама -