Филмот за Курт Кобејн открива необјавена музика

Документарецот „Kurt Cobain: Montage of Heck“ за фронтменот на легендарниот состав „Нирвана“, ќе биде премиерно прикажан на 4. мај на каналот HBO.

Во последните објави за медиумите стои дека филмот ќе содржи досега необјавена музика.

Тоа ќе биде прв филм кој е сосема одобрен и направен во соработка со семејството Кобејн, режисер е Брет Морген, а да биде уште поинтересно, копродуцент на филмот ќе биде Франсис Бин, дваесетгодишната ќерка на Курт.

Морген добил пристап до сите архиви на Курт Кобејн, кои вклучуваат необјавени домашни видеа, аудио снимки, фотографии, дневници, демо снимки, лични архиви и книги со песни. Нормално, ќе има и многу песни и настапи на бендот, но овие необјавени музички материјали се дефинитивно вредни злато, за најголемите фанови на „Нирвана“.

- Реклама -