Научниците сметаат дека овците треба да ждригаат помалку

zdrigКако дел од напорите во борбата против климатските промени австралиските научници се надеваат дека ќе создадат нов вид овци кои ќе испуштаат помалку штетни гасови за околината преку нивното ждригање.

sheep-burp-lessКако дел од напорите во борбата против климатските промени австралиските научници се надеваат дека ќе создадат нов вид овци кои ќе испуштаат помалку штетни гасови за околината преку нивното ждригање.

Научниците се обидуваат да ја идентификуваат генетската врска која предизвикува некои овци да поджригнуваат помалку од другите. Имено, преку ждригањето овците испуштаат повеќе гасови кои се штетни за околината, тврдат научниците. Околу 16% од гасовите штетни за околината во Австралија доаѓаат од земјоделството, а според австралиските центри за истражување 66% од испуштените гасови отпаѓа на метанот кој доаѓа од утробата на добитокот кој прежива.

Прочитајте и:  Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1.5 степени

Научниците од Нов Јужен Велс направија експерименти во специјално направените трла за да измерат колку гасови испуштаат овците додека ждригаат и до сега тие открија дека колку повеќе јадат, овците повеќе подждригнуваат. Целта на научниците е да одгледаат нов вид на овци кои продуцираат помалку метан, кој, според нив, е поголем виновник за глобалното затоплување одошто јаглерод диоксидот.
[Australian aims to breed ‘green’ sheep that burp less]

- Реклама -