Топ 10 највозбудливи лизгалишта низ светот

Зимата може да биде многу возбудлува и екслузивна- не секој град добива снежна покривка.

Различни активности на отворено се овозможуваат токму во ова време на годината. Лизгањето на лизгалиштата е една од најомилените атракции секоја година. Погледнете ги овие десет најзабавни лизгачки објекти:

10. Фуџи-кју Хајленд, Јапонија

Се наоѓа на подножјето на иконската планина Фуџи во градот Фуџијошида, и паркот е горд на неговото лизгалиште- најголемото во земјата. Преку лето служи како базен, кој нуди голем број на ролер костери и забавни активности. Но сега, е време за лизгање на мраз!

Top Skating Rinks-Japan2

Top Skating Rinks-Japan3

Top Skating Rinks-Japan4

Top Skating Rinks-Japan

9. Сан Диего, САД

Лизгање на плажа? Да, ве молам! Заборавете на пливање, сурфање и сончање- лизгањето е најомилената атракција на плажа. Хотелот Дел Коронадо има направено лизгалиште со поглед на Тихиот океан- каде на друго место го има тоа?

Event Venue: Hotel del Coronado

Top Skating Rinks-San Diego2

Top Skating Rinks-San Diego

Top Skating Rinks-San Diego4

8. Нејтан Филипс плоштадот, Торонто, Канада

Плоштадот е центар на атракција во текот на целата година. Во лето тоа е базен и голем број на настани се случуваат тука. Но, преку зима се замрзнува и се претвора во спектакуларно лизгалиште, за кој се вели дека овозможува совршено искуство од Торонто.

Top Skating Rinks-Toronto

Top Skating Rinks-Toronto-Photo by Ojoswi Basu

Top Skating Rinks-Toronto-Photo by Roberto Machado Noa

7. Јосемити, Калифорнија, САД

Едно од најневообичаените и највозбудливите места за лизгање- надворешно лизгалиште во Јосемити националниот парк. Опкружено со прекрасен планинкси пејсаж, идејата за лизгалиштето потекнува од традицијата на поплавената област.

Top Skating Rinks-Yosemite-Photo by Michael Thomas

Top Skating Rinks-Yosemite-Photo by DNC Parks & Resorts at Yosemite

Top Skating Rinks-Yosemite

6. Сомерсет Хаус, Лондон, Велика Британија

Главниот град на Англија има голем број на разни лизгалишта. Сомерсет се смета за најубавото. Се наоѓа во неокласичен двор, лизгалиштето е отворено за лизгачите преку целиот ден и ноќ. Во вечерните часови шарени светла го осветлуваат и хип музика ги привлекува оние кои сакаат забавна ноќ. Исто така, има бар кој ги служи најдобрите коктели!

Top Skating Rinks-Somerset2

Top Skating Rinks-Somerset-Photo by PeanutButter

Top Skating Rinks-Somerset3

5. Винер Еистраум, Виена, Австрија

Се преведува како Ледениот сон на Виена, лизгалиштето дефинитивно е достојно на своето име. Се наоѓа во Градското собрание и лизгалиштето располага со спирална патека, која поминува низ живописен градски пејсаж и парк. Лизгалиштето и романтичните светла одговараат за сите возрасти. Тезгите во близина нудат австриски деликатеси, топол чак и пунч.

Top Skating Rinks-Vienna-Photo by American Schnitzel

Top Skating Rinks-Vienna6

Top Skating Rinks-Vienna5

Top Skating Rinks-Vienna4

Top Skating Rinks-Vienna3

Top Skating Rinks-Vienna2

4. Рокфелер центар, Њујорк, САД

Ова е еден од најпознатите лизгалишта во Големото јаболко. Уште едно популарно лизгалиште се наоѓа во Централ парк. Украсената средина го доловува празничното расположение. По поминатото време во лизгање, гладните лизгачи можат да се почестат со вкусен оброк во Рок центар кафулето.

Top Skating Rinks-NYC

Top Skating Rinks-NYC-Photo by Paul Timpa

Top Skating Rinks-NYC2

3. Гранд Пале, Париз, Франција

Релативно ново лизгалиште, отворено во 2012 година, е најголемото во целата земја. Сместено под импресивен стаклен покрив во градското собрание, тоа овозможува навистина грандиозно искуство. Во вечерните часови има посебен настан, со светлечко шоу и диџеј.

Top Skating Rinks-Paris

APTOPIX France Paris On Ice

Top Skating Rinks-Paris3

Top Skating Rinks-Paris5

2. Балтичко море, Хелсинки, Финска

Шик и возбудлив град кој има многу што да помуди во текот на зимата. Покрај бројни лизгачки центри, исто така, има екслузивна опција да лизгате на Балтичкото море, кое се замрзнува целосно секоја зима. Толку многу е ладно во Финска! Лизгачките патеки се одржувани, безбедни и удобни за користење.

Top Skating Rinks-Helsinki-Photo by Henri Maltio

Top Skating Rinks-Helsinki2

Top Skating Rinks-Helsinki3

Top Skating Rinks-Helsinki-Photo by Matias Mäki

1. Рајдеу каналот, Отава, Канада

Со 7,8 километри должина, ова официјално е најголемото природно лизгалиште во светот. Луѓето не го користат само за забава. Каналот станува дополнителен пат: лизгачите брзо стигнуваат од едно до друго место за време на сообраќајниот метеж. Ова е најдоброто превозно средство досега!

Top Skating Rinks-Ottawa

Top Skating Rinks-Ottawa3

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Top Skating Rinks-Ottawa2

- Реклама -