Нејмар да Силва Сантос Џуниор, попознат како Нејмар, е еден од најдобрите фудбалери во светот до денес. Напаѓачот на Барселона заработи 33,6 милиони долари за минатата година, што го рангирана на 16-та позиција меѓу најдобро платените спортисти во светот според Fobres .
Вкупно 17,6 милиони долари од приходите на Нејмар се од неговиот договор со Барселона, а останатите – 16 милиони долари – од спонзори.
Тој работи со компании како Nike, Castrol, Panasonic, L’Oreal, Volkswagen и др.
Омилен автомобил на Нејмар е Porsche Panamera Turbo со цена од 132 илјади долари.
Еве ги и останатите автомобили во автомобилската колекција на фудбалерот:
Volvo XC 60
Audi R8 GT
Audi Q5
Volkswagen Touareg
Освен автомобили, Нејмар поседува уште хеликоптер и секако – јахта.