За време на саемот CES 2015 во Лас Вегас, компанијата Audi ја претстави новата верзија на концептот Prologue (A9). Автомобилот импресионира со надворешни измени, со систем за автономно управување и со нов енергетски тракт.
Новата модификација претставува хибриден моќен погон, комбинација на бензински 4,0 литарски TFSI агарегат и електричен мотор. Вкупната моќност на двата мотора е 677 коњски сили. Максималниот вртежен момент изнесува 950 Nm. Вака екипирана, новата верзија на Prologue (A9) забрзува од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди. Уште една суштинскa измена во однос на претходната верзија на Prologue е постоењето на систем за автономно управување. Слично на новите A7 и A8 и Prologue може да се движи без интервенција на возачот, a максималната брзина е ограничена на 60 km/h. За правецот на движење и избегнување на пречки на патот се грижи сложен систем од ласери, скенери и детектори.
Што се однесува до надворешноста на прототипот, тој се разликува од сериските верзии на Audi по иновативните предни светла со остри форми Matrix, специфичната трапезоидна решетка, новиот преден спојлер и 22-инчни тркала. Вратите на Prologue се отвораат со помош на електромеханика, а уште нешто необично е дека инженерите на Audi се откажале од традиционалните рачки на вратите.
Што се однесува до датумот на кој новиот модел ќе биде пуштен во сериско производство, од Audi повторно се одлучија да молчат.