Во многу градови во земјава се подготвува лепче со паричка за Василица, додека повеќето од оние кои прават за Бадник со семејството, повторно прават и за Стара нова година со пријателите.
Состојки:
1 кг брашно
1 квасец
1 лажичка сол
млака вода по потреба
1 паричка
Подготовка:
Квасецот се раздробува и се меша со поголемо количество брашно. Се додава сол, а во средината на брашното постепено се додава млака вода и се замесува мазно тесто, без грутки.
Кога ќе се потроши брашното, тестото се удира од ѕидовите на садот, а потоа се истура врз штица за мешање, се досипува преостанатото брашно и убаво се замесува.
Кога тестото ќе стане сјајно и мазно, се обликува во форма на погача, внатре се става паричката, се става во набрашнето тавче и се остава да стои уште 15 минути.
Потоа врз тестото се прават шари или со дел од тестото и се пече во убаво загреана рерна додека не добие златна кора.
Печената погача се витка во крпа и се остава малку да се излади.