Зоолошката Lehe Ledu Wildlife Zoo во кинескиот град Чонгкинг Сити реши малку да ги испреврти работите. Посетителите всушност плаќаат за да бидат ставени во кафези, додека гладни лавови и тигри шетаат околу нив. Ова возбудливо искуство има за цел да им овозможи на посетителите да го да искусат ситуација на средба лице-во-лице со предаторите, наместо да ги гледаат од безбедна дистанца. За да биде уште поинтересно (читај: пострашно) на кафезот се врзани парчиња месо за да го предизвикаат вниманието на ѕверовите и да ги доближат што е можно поблиску.
Ваквиот потег се покажа многу популарен, а билетите се распродаваат три месеци однапред. Оние што имале можност да ја посетат зоолошката велат дека тоа е незаборавно искуство и дека се чувствувале како „ручек“. Патем потсетуваат да ги чувате прстите во кафезот, на безбедно.