Подмолни трикови со кои трговците ни подметнуваат бајата храна

Во европските маркети, на пример, храната која е пред истек на рокот на траење стои на посебни гондоли и се продава по цена пониска и до 70%. Кај нас пак, таквата храна, особено кај малите трговци се „обновува“ со разни подмолни трикови, кои за жал често успеваат.

 

Лимонтус, камилица, светло и зачини за свеж изглед на месото

За да делува посвежо, во месото се додава винобран, лимонтус и витамин Ц, со кои вештачки му се продолжува рокот на траење. Исто така, пилешкото, свињското и јунешкото месо се потопуваат во чај од камилица со што се губи непријатниот мирис од долгото стоење.

Во месната индустрија и месарите, често се прибегнува и кон визуелна манипулација на купувачот. Така, ладилниците имаат црвено или виолетово светло, што го прави месото да изгледа како штотуку да пристигнало од кланица. Бајатото месо кое почнало да ја менува бојата или да се суши од стоењето, често се „маскира“ со тоа што се става во пикантни зачини и масла, а потоа се продава како мариниран специјалитет. Сепак, најлесен начин да се подметне бајато месо е кога од него се прават плескавици и ќебапи.

Прочитајте и:  Ако сакате да спиете подобро, консумирајте ги овие намирници и пијалоци пред спиење

 

zelena%20salata01_RAS_foto%20masanori%20josida_1000x0[1]
Вода и мраз за овошјето

Овошјето, особено зелената салата, зелката и кељот, трговците често го прскаат со вода во која има малку детергент за садови. Тоа го прави зеленчукот да изгледа посјајно, а со тоа и посвеж. Овошјето и зеленчукот често се чува на мраз, со цел што подолго да делува свежо, а се случува и да го премачкуваат со тенок слој на масло, за да делува сјајно и тазе обрано.

 

На мерење

Робата со истечен рок на траење често се распакува и се продава на мерење. Бонбоните, пудинзите, бисквитите се само дел од „жртвите“.

6[1]

Рок на траење – нема

Трговците често го прекуцуваат рокот на траење, или го прелепуваат со налепници на кои е назначен далеку подоцнежен датум од оној реалниот. Ако има прилика, рокот на траење често ќе се размачка, па наместо датум останува само размачкана флека од мастило. Ако рокот на траење е отпечатен на пластичната амбалажа, трговците често имаат навика да го изгребат.

- Реклама -