Денеска ве враќаме назад низ годините и се потстуваме на еден дел од историјата на Југославија – границите.
За нив велат дека биле едни од најдобро чуваните во светот, а за тоа допринесла и нивната гео-политичка положба – меѓу тогашниот источен и западен блок.
Од вкупната должина на копнените граници од 2.969 км, СФРЈ се граничеше 202 км (7%) од границата на запад со Италија и 324 км (10 %) од границата со Романија на север, 536 км (19%)од границата со Бугарија на исток и 262 (9% од границата) со Грција, како и 465 (16%) со Албанија на југ. Западниот дел од републиката излегуваше на Јадранското море.
Граничниот премин Шентиљ во Словенија беше еден од најпознатите гранични премини во СФРЈ, а со децении истиот претставуваше своевидна порта кон Западот. Исто така имаше и епитет на наголем и најсеопфатен граничен премин во некогашната држава. Кон крајот на минатата година овој премин и официјално престана да постои бидејќи беше срушена граничната инфраструктура од која што повеќе нема потреба.
Граничниот појас, според тогашниот закон опфаќаше дел од територијата на копно, реките и езерата со длабочина од 100 метри во должина на граничната линија.
Граничната единица ЈНА или популарно граничарите беа припадници на ЈНА.