Маркионе мисли сериозно да го продаде Ferrari?!

Претседателот на Одборот на директори на Fiat Chrysler Automobiles NV, Серџо Маркионе, има намера сериозно да ја продаде на компанијата Ferrari. Тоа пишува весникот Bloomberg, според кој ова е уште еден чекор кон реструктуирање на Групацијата.

Маркионе смета сериозно дека разделбата со Ferrari ќе ја направи групата FCA NV далеку попривлечна за инвеститорите и ќе овозможи спојување со други „главни играчи“ на пазарот. Продажбата на производителот на спортски модели, сепак нема да биде целосна, бидејќи тој ќе продолжи да се контролира од страна на семејството Ањели, која сега го држи контролниот пакет акции од групата Fiat Chrysler Automobiles.

Се очекува продажбата на Ferrari да донесе околу 14 милијарди долари, кои FCA ќе инвестира во проширување на структурите, а целта е претежно зголемување на продажбата на пазарите во Азија. Ова ќе и овозможи на групата да биде поконкурентна на водечките компании како Volkswagen и Toyota, а целта е постигнување на 7 милиони продадени возила во 2018 година.

Вкупните инвестиции во нови модели во наредните 3 години треба да достигнат 57 милијарди долари, а се предвидува марките Jeep, Alfa Romeo и Maserati да влезат на сите светски пазари.

- Реклама -