Дојранското езеро под мраз

Баравме зима со снег, а годинава добивме не само снежна покривка, туку и исклучително ниски температури.

Утринава најниската температура беше измерена во Берово (-17), до Гевгелија (-8).

Температурата во Дојран која што се спушти 7 степени под нулата, предизвика замрзнување на Дојранското Езеро до 2 сантиметри длабочина, стои во извештајот на Управата за хидрометеоролошки работи.

vdklsgjdflskghf-1728x800_c

Имено, што се однесува до снежната покривка според мерењата најголема е во Маврово –  48 сантиметри, потоа 36 во Лазарополе, 25 во Крушево, 22 см во Пожаране, 20 во Ѓуриште, 14 во Претор, 13 во Охрид, 11 во Тополчани, 10 во Тетово, 8 сантиметри во Битола, 6 во Прилеп и во Крива Паланка, 5 см во Скопје-Зајчев Рид и 4 во Скопје-Петровец и Пожар.

Во продолжение ТУКА проверете ја целата временска прогноза за деновите кои што претстојат.

 

- Реклама -