Зеленчук во желатин

Денешниот рецепт изгледа интересен и едноставен за правење.

Состојки:

* 3 тиквички
* 3 целера
*кромид
* 150 г. грашок
* црвена и жолта пиперка
* желатин
* бибер, сол, масло

Подготовка:

Зеленчукот исецкајте го и со две лажици масло ставете го во половина литар вода.

Посолете, побиберете и гответе десет минути, додека не омекне.

Извадете го зеленчукот , а во супата изматете желатин, претходно разблажен во студена вода.

Во маса налик на пифтија, лесно додавајте го зеленчукот.

Ставете го во ладилник барем два часа пред да биде послужено.

- Реклама -