Сите ја познаваме неподносливата желба која не опседнува понекогаш – за слатко, чоколадо или за нешто солено. Што ли сака да ни каже во овој момент нашето тело? Дали зад желбата да си каснеме едно или друго не стои скриена порака за некаков недостаток?
Како бебиња се раѓаме со вродена способност да знаеме точно од што и колку има потреба нашето тело во секој момент, и тоа сигурно не е исто за сите бебиња во светот. Обидувајќи се да следиме било какви општи правила за исхрана и одгледување на новороденчиња, родителите постепено не оддалечуваат од вродената вештина да го слушаме своето тело, додека не почнеме сосема погрешно да се потпираме на сигналите.
Денеска ќе ви презентираме малку информации за врската помеѓу најчестите желби, реалната потреба и соодветната здрава алтернатива со која можеме да ја задоволиме потребата на своето тело. Материјалот е базиран на истражување на експерт во здравата исхрана Бернард Јенсен.
Ако чувствуваме неугаслива желба за чоколадо , всушност ни е потребен магнезиум , кој може да се набави преку сурово какао (зрна), коренот Мака, оревите и семките, пчелен полен, сусам, грав.
Ако чувствуваме неугаслива желба за слатко , всушност ни се потребни фосфор (риба, јајца, пчелен полен, ореви, житарици, бразилски орев, кашу), сулфур (боровинки, корен Мака, брокула, аспарагус, авокадо, сирење, моркови, репа , зелка, лук, кромид, црвени пиперки) или триптофан (овес, банана, домат, грозје, спанаќ, компир).
Ако чувствуваме неугаслива желба за леб , всушност ни е потребен азот (ореви, месо, риба, пчелен полен).
Ако чувствуваме неугаслива желба за газирани пијалоци , всушност ни е потребен калциум (зелен лиснат зеленчук, сусам, грав, сирење).
Ако чувствуваме неугаслива желба за кисела храна , всушност имаме потреба од магнезиум ( ореви и семки, пчелен полен, сусам).
Ако чувствуваме неугаслива желба за течности всушност ни е потребна вода – подобро е да пиеме по 8-10 чаши вода на ден.
Ако чувствуваме неугаслива желба за цврста храна , повторно имаме потреба од вода поради дехидрација и губење на чувството за жед – 8-10 чаши вода на ден.
При предменструален глад всушност имаме потреба од цинк (сурово какао, свеж зеленчук)
При недостаток на апетит всушност потреба од витамин Б3 (, семиња, пчелен полен, фитопланктон, туна) и манган (ореви, бадеми, ананас, боровинки).