Дали сте еден од оние, кои би ја оставиле својата чинија, доколку на неа слета некој вид на инсект?
А знаете ли зошто го правите тоа? Ова прашање било поставено за целите на неодамнешно истражување, а испитаниците (61 отсто) се изјасниле како најгадливи на бубашваби.
Меѓутоа, научниците предупредуваат дека мувите два пати повеќе пренесуваат бактерии врз храната, за разлика од другите инсекти.
Имено, тие јадат најодвратни нешта што можат да ни паднат на ум: измет, отпадоци…Освен тоа, мувите не можат да ја џвакаат храната, па својот оброк го топат со енизми кои ја разредуваат и им овозможуваат на мувите да го консумираат оброкот.
Како тоа да не е доволно, бактериите и вирусите кои се задржуваат на нивните тела се шират по храната.
Доволно е само еднаш да слета на вашата чинија и со своите нозе успева да ги пренесе сите микроорганизми кои патен се вгездиле во вашиот оброк.