Женската мода и шеширите

Сме виделе многу познати дами со Федора шешири, а исто така сме виделе и доста од нив на пистата оваа сезона.

Разните предлози можат да не доведат до недоумица дека овој вид на шешир не е за „кежуал“ изглед. Вистината е дека федора шеширите се исклучително прилагодливи. Тие добро одговараат на различни стилови од отмени до спортски.

Дали се плашите да изгледате премногу претенциозно со шешир? Дали мислите дека истиот не може да се вклопи во вашиот секојдневен стил? Дали сте загрижени дека доколку го купите никогаш нема да ја види светлоста на денот и ќе собира само прав на полиците?

Можеби оваа сезона е вистинско време да се ослободите од скептицизмот и да се обидете да изведете своја визија со овој стилски шешир. Не треба да инвестирате во премногу скап. Кога бирате потребно е да следите неколку логични и основни принципи. Доколку сте пониски по раст, не бирајте шешири со голема покривка. Високите жени од друга страна, можат да си го дозволат спротивното. Истотака, потребно е да се уверите дека шеширот одговара на вашето лице.

Постојат многу начини да носите федора оваа зима, а ние ви предлагаме да погледнете неколку фотографии и да добиете инспирација.

- Реклама -