Се разбудила сред операција на мозок и прашала „До кај е работата?“

Еден полски неврохирург се извадил од памет кога за време на операција на мозок, пациентката се разбудила и му поставила прашање.

Ига Јасица била подложена на деликатен хируршки зафат, во кој требало да биде изваден туморот во нејзиниот мозок. Среде операцијата, таа ненадејно се разбудила од анестезија.

„Што се случува?“, го прашала таа запрепастениот хирург. Откако за кратко ја увидела ситуацијата, прашала нешто во стилот на „До каде е работата?“.

По операцијата, професорот Дејвид Ларш потврди дека Јасица ништо не почувствувала и дека во ниту еден момент животот не и бил загрозен.

„Не се сеќавам речиси на ништо“, вели младата пациентка. Таа раскажува дека за време на операцијата хирургот и зборувал за мачки, затоа што таа ги обожава.

Ига го помина Божиќ на операционата маса, но смета дека тоа е најдобриот подарок што можела да го добие за Нова Година. Како што кажува, денес (по операцијата) се чувствува многу подобро.

- Реклама -