Во денешно време технологијата се движи побрзо од кога и да било. За само една деценија, капацитетите на мобилните телефони заменија еден тон обврски за кои луѓето требаше да се помачат доста повеќе во минатото.
Технолошките пронајдоци ни го олеснија секојдневието и на некој начин го подобрија квалитетот на живеењето, но со новите изуми, брзо ги заборавивме работите кои ни го разубавуваа минатото.
Децата кои ќе бидат родени во 2015 година, но и во годините пред неа, нема да знаат за што служеле следниве неколку работи, кои до пред само неколку години беа екстремно кул:
1. Чувството да се има неколку флопи дискови на работното биро, или пак во училишниот ранец.
2. Да се има омилени касети.
3. Разговори со непознати интернет соговорници (како на пример на mIRC) каде се поставуваа прашања како ASL?
4. Поврзаноста на моливот со касетите.
5. Правење „микс“ на CD-а за долги возења.
6. Користење на именик за да најдете нечиј телефонски број.
7. И всушност, помнењето на нечиј број.
8. Како изгледаа старите домашни телефони.
9. Снимање на филмови од телевизија на касета.
10. Нинтендо „собиранки“.
11. Подавање на ливчиња на соучениците.
12. Купување весници.
13. Изнајмување касети од видеотека и премотување назад при враќањето.
14. Играње на друштвени игри и длабоки разговори.