Ароматични божиќни колачи со сливи, ореви и мед

Зимата е волшебен период од годината, во кој се случуваат чуда!
Што се божиќните и новогодишните празници без мирисот на цимет, каранфилче, ванила, кора од портокал …

Подигнатото расположение често се должи и на малите, но непроценливи моменти околу шпоретот.

Незаборавни и пријатни моменти кои што човек ги памети цел живот … Понекогаш е неопходно само едно вдишување на познат мирис, за да се вратиме во детството. Задоволството од свежо печени колачи, створени со сопствени раце е неспоредливо, особено ако сите од семејства кои учествуваат во овој вкусен процес!

Ви предлагаме еден лесен и вкусен рецепт со кој ќе  ги маѓепсате не само сите околу вас, туку дури и Дедо Мраз.

Потребни производи:

300 г брашно
150 г масло
80 г шеќер
1 јајце
1 ванила

За фил:

150 гр мелени ореви
120 гр суви сливи
100 г мед
1 јајце
1 лажиче цимет

Начин на приготвување:
1. Маслото се соединува добро со шеќерот, се додаваат јајцето, ванилата и со брашно се замесува тесто (не се меси долго). Потоа сплескајте го и завијте во проѕирна фолија, а подоцна оставете го минимум 1 час на ладно.
2. Сите производи за филот се соединуваат.
3. Тестото се тегне на правоаголно парче со дебелина од 0,5 см.
4. Филот се мачка рамномерно, со тоа што треба да оставите по 1 см по рабовите без фил. Намотајте го во ролна. Ставете го во фолија и оставете го повторно минимум 1 час на ладно (може и едно деноноќие).
4. На крајот сечете парчиња со дебелина 0,7-0,8 см, кои се ставаат во сад со најмалку 1 см растојание помеѓу нив и се печат во загреана на 190 степени околу 15 минути.

Ова се вашите колачиња. Наздравје 🙂

3bc8d7d745cb8dc6b10bc7d64c3eccfd

- Реклама -