Доколку спаѓате во групата на личности кои сакаат да го направат што повесел својот дом за време на новогодишните и божиќни денови, оваа декорација со сигурност ќе ви се допадне.
Најгенијално од се е што таа изгледа прекрасно, а се прави едноставно и е премногу економична. Се што ви е потребно се пластични чаши, хефталица, и класични новогодишни сијалички.
Споени сите заедно, овие материјали можат да ве воодушеват!
Совет: Оваа декорација веројатно би изгледала уште поинтересно кога чашките би биле во некоја боја.