Не фрлајте ги лушпите од јајцата: Искористете ги креативно

Лушпите од јајца за голем број луѓе претставуваат ѓубре, кое не може да послужи за ништо.

За среќа, има и такви кои знаат да препознаат уметност во лушпа. Тие тврдат дека истите можат да се искористат на паметен и креативен начин.

Од нив, имено, можете да направите прекрасна и необична декорација за домот или дворот, на начин што во нив ќе засадите цвеќе или некоја билка.

За да засадите билка, во лушпа од јајце, потребни ви се:

– 5 јајца, односно лушпи (јајва излупени до половина).

– 1 картон за јајца

– 10 мали засади.

jaja2_1419847150

Лушпите од јајцето поставете ги во хартиената кутија, како на сликата. И картонот и лушпите можете да ги обоите од надворешната страна, со бои кои нема да им направат штета на растенијата.

Лушпите наполнете ги со земја, а потоа во нив засадете. Покрај цвеќе, лушпите можат да бидат идеални „саксии“ за билки што ги употребуваме во кујната.

jaja3_1419847151

На овој начин можете да направите декорација за себе, или да создадете многу оригинален подарок.

jaja4_1419847152

 

- Реклама -