7 вистини што секоја мајка на синови треба да ги знае

Да имате син не е исто што и да имате ќерка. Еве како тоа го толкува Еби Родман, психотерапевт и мајка на три сина.

Таа е и автор на неколку книги, а во една од нив го опишува своето искуство во воспитувањето на синови. „Имам три сина и немам ниедна ќерка. Кога моите синови беа мали, луѓето често ме прашуваа дали планирам да имам и девојче. Тоа ме излудуваше. Некои беа дури и изненадени кога ќе им кажев дека немам намера повеќе да раѓам“.

Како што вели таа, низ годините ги запознала сите убавини на тоа да воспитувате синови, а издвојува седум нешта што секоја мајка што има машки деца треба да ги знае:

1. Вие сте неговата прва љубов

Вие ќе се заљубите во синовите и тие ќе се заљубат во вас, во најздравата можна смисла. Сестра ми, мајка на девојче, ми беше љубоморна што моите момчиња ми носеа цвеќе или ми ја чешлаа косата. Тие учат како да ги сакаат жените и како да бидат сакани.

2. Вие сте негов прототип на жена

Ги научивте ли на почит и добрина? Никогаш не е доцна да им покажете дека сакате кон вас добро да се однесуваат. Момчињата кои имаат „силни“ мајки со висока самодоверба ќе бараат слични партнерки во иднина.

Mother-Sons-Family-Photographer[1]

3. Ќе се каете

Многу викам. Нема голема разлика во годините на моите синови. Тие имаа многу енергија, а јас малку трпение. Посакувам да бев посмирена и помалку да галамев.

4. Можеби ќе размислувате за ќерка

Како би изгледала? Како би се однесувала? Тревата е секогаш позелена на другата страна. Можеби ќе имате моменти во кои ќе видите некое девојче и ќе помислите дека би можело да биде баш ваше. Без грижи, таквите мисли брзо поминуваат.

5. Нема да преживувате женски драми

Благодарна сум што не морам да се бавам со драмите кои произлегуваат од воспитувањето на ќерка. Солзите, промените во расположението и се она што мајките на синови успеваат да избегнат. И момчињата имаат проблеми во тинејџерските години, ама тие се многу помали и поблаги од проблемите на девојчињата.

MOTHER-AND-SON

6. Тие се на некој начин посигурни

Мојот дваесетгодишен син автостопираше до градот. Мислите дека би ја пуштила ќерката да оди сама со странец? Секако, момчињата имаат други проблеми и исто така можат да станат нечија жртва, ама помали се шансите дека ќе ги нападнат или сексуално вознемируваат. Се разбира, и натаму сум загрижена за своите синови.

7. Прифатете го предизвикот

Да израснете син во добар човек кој е искрен и чесен, е тешко. Тој мора да е нежен, добар и мора да ги почитува жените и децата.

- Реклама -