После тврдењето дека Дарвиновата теорија на еволуцијата е компатибилна со Христијанската теологија, Ватикан уште еднаш изненади со своите нови теории. Овојпат ватиканскиот главен астроном постулираше дека вонземскиот живот е возможен.

Пишувајќи во Ватиканскиот весник, астрономот Хозе Габриел Фунес рече дека можно е да постојат интелигентни битија создадени од Бог во вселената. Фунес, кој е управител на Ватиканската Опсерваторија во близина на Рим, е почитуван научник кој соработува со универзитетите околу светот. Потрагата по форми на вонземски живот, вели тој, не е контрадикторна на вербата во Бог.
Како што има различни форми на живот на Земјата, така можат да постојат и интелигентни суштества во вселената кои се создадени од Бога. А некои од вонземјаните може да се дури и безгрешни, т.е. ослободени од првобитниот грев. [Vatican says aliens could exist]