Резултатите од едно неодамна спроведено истражување сугерираат дека лошиот однос со мајката во детството може да има трајни последици по потенцијата на мажот.
Во истражувањето учествувале 960 мажи, кои одговарале на разни прашања поврзани со односот со мајката во текот на растењето и созревањето, како и на прашања поврзани со сексуални дисфункции – прерана ејакулација или импотенција.
Резултатите велат дека постои врска меѓу половата дисфункција и лошиот однос со мајката во детството, како и во подоцните години кога мажот прв пат се заљубува. Оние кои изјавиле дека никогаш не се заљубиле, очигледно имаат повеќе дисфункции и просечната должина на сексуалниот однос им трае помалку од минута.
Истражувачите не можат да утврдат каква е врската помеѓу овие два аспекта, ама утврдија дека дефинитивно постои. Како да не беше доволно жестоко ривалството меѓу снаите и свекрвите, по ова сознание ќе се јави уште една дополнителна искра, спремна да го запали огнот.