Малку по малку излегуваат на виделина нови бизарности за Скиентологијата. Следбениците на оваа црква секојдневно гледаат снимки од својот суперхерој – Том Круз.
Малку по малку излегуваат на виделина нови бизарности за Скиентологијата. Следбениците на оваа црква секојдневно гледаат снимки од својот суперхерој – Том Круз.
Поранешниот член на Скиентолошката црква, Марк Хедли, во својата книга „Blown for Good“ откри како следбениците на црквата редовно морале да ги гледаат снимките со Том Круз на кои славниот актер е прикажуван како „суперхерој“ на скиентологијата.
Холивудската ѕвезда била претставувана како пример кој заради својата популарност во нивните редови доведува милиони следбеници, а Хедли дури подоцна сфатил дека луѓето од надворешниот свет актерот не го доживуваат како генијалец, туку како чудак.
Поранешниот скиентолог исто така напиша дека со Круз, кој пред 19 години го подготвувал за Скиентолошката црква, учел како да постигне контрола врз предметите. Со часови знаеле да зборуваат со книгите, шишињата и пепелниците, обидувајќи се да ги натераат да се помрднат.
Холивудскиот актер Том Круз е втор во хиерархијата на скиентолошката црква, веднаш под Дејвид Мискевиџ, стои во неавторизираната биографија од перото на Ендрју Мортон, кој се прослави во 1992 година со книгата за принцезата Дијана, пишува Daily Mail.
Според оваа книга, сите членови од многубројното домаќинство на Том Круз се скиентолози проверени од цркавата, а во неа стои и дека Мискевиџ наредил во скиентолошката централа да се посади цвеќе откако Круз му ја доверил својата фантазија во која тој трча низ ливада полна со цвеќиња со својата сопруга Кејти Холмс.
Том добро си ја обработи својата работа во Лос Анџелес промовирајќи ја Скиентологијата. После веста дека Кирстен Данст ја прифати скентологијата, на црквата и се приклучи и бунтовничката Пинк. Се зборуваше и дека ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, Сури, е зачната со спермата на Рон Хабард, зачетникот на Скиентологијата.