За љубителите на сложувалките и логичките игри, пристигнува нов изум на една компанија лоцирана во Хонгконг. Имено, во споредба со новата „играчка“ наречена Pillow 13x13x13 IQ Brick, Рубиковата коцка е „мачја кашлица“.
Оваа тридемнзионална сложувалка има 18 пати повеќе квадрати од Рубиковата коцка, но функционира според истиот принцип, една страна – една боја. Секоја страна на IQ Brick се состои од 169 обоени квадратчиња кои треба да се состават според нивните нијанси.
Играчката е производзтво на компанијата „Brando“, а нејзината моментална цена изнесува 257 евра.