Можеме ли да го преместиме Сонцето?

Во одреден момент во далечна иднина нашите наследници може и да одлучат да го преместат Сонцето – еден гигантски и хипотетички проект, наречен ѕвездено инженерство. Колку и звучи налудничаво, според физиката би можело да проработи. Еве како точно.

Цивилизација од I тип на скалата на Кардашев ќе ја користи енергијата на целата своја планета, онаа од II тип – енергијата на својата ѕвезда, а III тип – на целата галаксија! Тешко е да се замисли што ќе биде потребно за инженерството да ги измени ѕвездите на цела една галаксија. Можно ли е сепак да се пресели цела ѕвезда? Како Сонцето? Оваа идеја е предложена за прв пат од физичарот, д-р Леонид Шкадов во неговиот научен труд од 1987 година, насловен “Possibility of controlling solar system motion in the galaxy”. Еве како ќе се случат работите: Една идна вонземјанска цивилизација треба да изгради гигантска структура и да ја распореди отстрана на својата ѕвезда. Светлината што доаѓа од ѕвездата, ќе се удира во структурата и ќе одбива, па на тој начин ќе ја турка. Ако објектот има доволно голема маса, тој ќе почне да ја привлекува ѕвездата со својата гравитација.

Ѕвездата пак ќе се обидува да се одврати од структурата. Ако една идна цивилизација успее да постигне совршен баланс, тоа ќе може да ја повлече ѕвездата и ќе почне да ја движи низ галаксијата, користејќи ја нејзината сопствена светлина како гориво. Првично тоа нема да се случува со којзнае каква брзина. По околу милион години брзината ќе се зголеми за 20 метри во секунда. Така ѕвездата би требало да измине 0,3 светлосни години – околу 10 проценти од патот до Алфа Моноцеротиди.

По милијарда години ќе се движи илјади пати побрзо и ќе е премине 34 илјади светлосни години. Една идна цивилизација би можела да ја користи оваа техника за да ги придвижи своите ѕвезди на подобро место или дури да преуреди огромни делови од галаксијата, за да добива поголема енергија. Сето ова може и да звучи теоретски, но Данкан Форган од Универзитетот во Единбург нуди еден практичен начин, преку кој ќе откриеме вонземјани. Според него телескопи како “Кеплер” можат да препознаат чудни светлосни отпечатоци, како оние за кои зборува Шадков. Во светот на физиката нема ништо невозможно.

- Реклама -