Денот на таткото е празник во кој се слави татковството и родителските грижи на мажите. Обично на овој ден (26.12) се прават подароци за татковците и семејството слави заедно во текот на денот. Празникот го прославуваат татковците и идните татковци. Во повеќето земји Денот на таткото е голем празник. Тој постои насекаде, но се забележуваат различни датуми.
Православната Црква го слави на 26 декември.
Според католичката традиција, празникот се празнува на денот на св. Јосиф – 19 март.
Во Аргентина, Велика Британија, Венецуела, Еквадор, Зимбабве, Индија, Ирска, Канада, Кина, Колумбија, Костарика, Куба, Малезија, Малта, Мексико, Пакистан, Панама, Перу, Филипини, Сингапур, Словачка, САД, Турција, Франција, Холандија, Чиле, Швајцарија, Јужна Африка и Јапонија Денот на таткото се одбележува во третата недела од месец јуни.
Во Русија пак празникот се празнува на 23 февруари – Ден на дефанзивецот на татковината, воен празник, кој се смета од многумина за ден на мажот.
Во последните години широка популарност добива американската опција која е свечено одбележана за прв пат во Вашингтон во 1909 година. Но, дури во 1972 година претседателот Ричард Никсон го прогласува за официјален празник. Подарете му нешто на вашиот татко, денес 🙂