Со години ја гледаме емисијата на познатиот д-р Оз.
И со години луѓето веруваат во неговите лажни медицински тврдења, каде вели дека можеме да ги намалиме мастите во стомакот и да го подобриме нашиот метаболизам со користење на неговите специјални правови и чаеви. Но, тоа едноставно не е точно.
Имено, британскиот медицински весник направи подетална анализа на она што д-р Оз го споделува со неговата публика во една студија на 40 случајно селектирани епизоди. Што открија тие? Приближно околу половина од здраствените препораки дадени од д-р Оз немале докази за да се поддржат или се контрадикторни на она што го вели популарната медицина и наука.
Значи, навитина, она што овој ТВ- доктор ни го вели би можело да ни наштети на долг рок.
Иако беше изложен на медицинска комисија поради делење на совети кои и самиот знае дека се погрешни, тој не прекина со емисијата.
А, која е вистинската тајна за губење на тежината? Па, д-р Оз всушност ни открива во ова видео.