Истражувања објавени во магазинот ” Psychology Today” и “Study Magazine” откриваат врска меѓу спиењето и коефициентот на интелигенција.
Времето кога одите на спиење и кога ќе станете наутро во врска е со вашата интелектуална способност, тврдат овие студии.
Дали спиете многу или не?
Сатоши Канзава, психолог од Лондонска школа за економија и политички науки, истакна дека IQ-то има силна врска со навиките за спиење, па луѓето кои доцна одат на спиење се интелигентни.
Тој оваа врска ја објаснува навиката на примитивни луѓе за кои залезот и изгревањето на сонцето бил знак да тргнат на спиењето.
Луѓето со просечна интелигенција, според него, ги прифаќаат овие форми на спиење, додека луѓето со иновативен ум креираат свои.
Слични ставови застапува и истражување објавено во “Psychology Today”.
IQ над 75:
Спиење и будење во текот на работен ден: 23:41h – 07.20h
Спиење и будење во викенди: 00:35h – 10:09 h.
IQ oд 90 до 110:
Спиење и будење во текот на работен ден: 00:10 h – 07:32 h
Спиење и будење во викенди: 01:13 h- 10:14 h
IQ поголем од 125:
Спиење и будење во текот на работен ден: 00:29 h – 07:52 h
Спиење и будење во викенди: 01:44 h- 11:07 h