Еден куп генијални идеи за пакување на подароци

Неодамна ви претставивме неколку алтернативни идеи за пакување на подароците по повд Нова година.

Денеска продолжуваме. Рачната изработка е секогаш поинтересна од класичните изгледи. Да погледнеме неколку идеи:

Божиќна пошта

Одговор и подарок од Дедо Мраз. Ова не е само сон на секое дете. Со помош на поштенски марки и црвено-бела лента, вашиот подарок ќе изгледа како да е дирекно излезен од некој Бижиќен филм.

За патниците и сонувачите

Од стари детски атласи до огромни политички мапи. Ако лицето сака да патува, сигурно бескрајно ќе го почитува вашиот подарок.

Топло пакување

Конечно, постои добра употреба на стариот, но омилен џемпер. Техниката е едноставна и оригинална.

Природни елементи

 

Гранчиња, ишиарки и доза креативност прават чуда.

Со ткаенина

Позицијата на ткаенината може да послужи како одлична амбалажа за подароци – и што е најважно, можете да направите многу различни опции. Пакувањето, односно самиот процес е многу едноставен:

Или со материјал во некоја шарка

Наместо здодевни ленти

Ако сакате да се направи нешто многу необично, можете да се обидете да шиете директно на материјалот декорација или желба.  Исто така можете да употребите креда.

Доколку имате машина за шиење, можете лесно да направите нешто како ова:

Одличен предлог

Метод, кој е едноставен заизвршување. Ви треба само молив со гума, бои и сунѓер. Едноставните и симпатични точки се секогаш соодветни.

Рачно насликани

Овде е местото каде можете да ја ослободите имагинацијата! Дали пастелни акварел дамки или дебели потези на боја – одлучете, а резултатот во секој случај ќе биде неверојатен и уникатен, што е исто така важно.

Кутии за хартија

Тесто

Познато уште од основно училиште, тестото е корисно за обликување на бројни форми.

Салфетки и тантела

Боење и подарување

Ако имате боја – можете да декорирате буквално се. Ќе добиете подарок обвивкан и совршено прилагоден со златни прачки, пупки, лисја и други „природна” нешта.

Лепак и светки

Се чини дека ние знаеме што да правиме за време на викендот.

 

- Реклама -