Како големите градови влијаат на нашата психа?

Во големите градови, постои поголема веројатност за појава на пренатални инфекции, еден од значајните фактори за ризик од психоза. Во тој поглед малите средини би можеле да бидат спас.

Раѓањето и растењето во една метропола, може да влијае на анксиознот и болести како промени на расположението. Ова е само мал дел од истражувањето на Медицинскиот факултет во Белград, за да се докаже поврзаноста на местото на живеење со појавата на психоза.

Истото започнало во 2011 година, а во базата на испитаници учевствувале 14 земни и вкупно 11.000 лица.

3(384)

Според истото постои и голем ризик од злоставувања и употреба на разни дроги, пред се поради лесниот пристап до нив.

Од друга страна веќе расте свеста за спротивна миграција град – село, или пак град-помали градови. Голем дел од пациентите преселбата ја сфаќаат како лек и се чувствуваат подобро.

Се повеќе истражувања алудираат на тоа дека нашиот динамичен начин на живот е нашиот најголем убиец. Чистиот воздух и пронаоѓањето на време за себе без надворешни и секојдневни притисоци е нешто за кое што треба добро да се размисли и доколку се има храброст да се спроведе на дело. Дефинитивно е време и државата да започне со развој на селата во земјава, за сите оние кои на градот гледаат како хаотично пространство во кое што не можат повеќе да дишат, па да го пронајдат своето бајковито катче, меѓу зеленилото и кристалните реки.

Beautiful village of Hallstatt - Austria

 

 

 

- Реклама -