Низ нивните „очи“: Како компјутерите го гледаат светот?

Повеќепати сме дискутирале на теми за напредната технологија и компјутерите, но во овие разговори секогаш присуствувала само едната страна – онаа на човекот кој ги создал современите машини. Денес ќе ви покажеме нешто поинтересно и различно. Знаеме дека компјутерите можат да го „гледаат” светот и да го препознаваат она што го виделе преку софтвер – објекти, луѓе и дури разликувањето на поединци и емоции одамна не се невозможни за нив. Но, што е она што навистина го гледаат?

Токму тоа е прашањето кое што стои зад едно интересно истражување за вештачка интелигенција и препознавање на слики. Истражувачите од Универзитетот на Вајоминг и универзитетот „Корнел” утврдиле дека компјутерите го гледаат светот на многу поинаков начин. Екипата започнала со најсложениот алгоритам за препознавање на моделот, кој се нарекува длабоки нервни мрежи (DNN). Кај него се прават детални пресметки на визуелните податоци од милиони слики, со тоа што конечно DNN учи да прави разлика помеѓу куче и делфин. Потоа нив ги комбинирате со втор генетски алгоритам, што развива нови слики и поконкретно новите трансформиции се со човечка насоченост. Добиените резултати доста ги изненадиле истражувачите.

dnews-files-2014-12-optical-illusion-AI-141215-670-jpg-620x407

„Очекувавме дека ќе го добиеме истото, многу слики со висок квалитет, кои јасно се препознаваат. Наместо тоа ги добивме овие чудни слики – леопард, кој всушност нема ништо заедничко со леопард “, вели Џеф Клуни, дел од тимот кој работи на оваа студија. Всушност она што нам ни личи повеќе на апстрактна уметност, DNN може со точност до 99% да препознае одреден објект – бејзбол топка, електрична гитара, итн. Во суштина тоа се оптички илузии за компјутерите што можат да причинат проблеми за апликации, како и препознавање на лице во новите системи за безбедност.

 

- Реклама -